Мотоцикли

Топ пет карактеристики на 2018 Ducati Multistrada 1260

Ducati Multistrada на прв поглед можеби изгледа дека нема никаква промена во споредба со неговиот претходник,  но новиот Ducati Multistrada 1260 има голем број на додатоци кои го прават овој спортски-туринг мотоцикл на Ducati уште попривлечен.

Следете нè на:

 

Еве ги моите пет најдобри карактеристики на овој мотоцикл.

Агрегат: 1262cc Desmo „Heart-throb“

Срцето на новиот Multistrada 1260 има потекло од моделот Xdiavel. Овој мотор е дизајниран да понуди голем број на вртежи од низок до среден опсег. Од Ducati се одлучија да го префрлат овој мотор кај новиот модел поради екстра малиот број на вртежи во минута. Тој му дава 95,5 lb-ft при 7.500 вртежи во минута, од кои за 85% Ducati тврди дека се достапни под 3,500 rpm.

Multistrada 1260PikesPeak MY18 Red 07 Slider Gallery 1920x1080

Ducati исто така ја промени и локацијата на водната пумпа која сега повеќе не се наоѓа помеѓу цилиндрите тука е сместена на левата страна на моторот. Исто така променет е и издувот за да одговара подобро на шасијата.

Како и кај повеќето модели на Ducati, моторот е главниот дел, а ситуацијата не е поразлична ниту кај новата Multistrada 1260. За време на нашето прво возење, мотоциклот многу лесно го спушташе бројот на вртежи правејќи го притоа нашето возење беспрекорно.

Multistrada 1260PikesPeak MY18 Red 01 Slider Gallery 906x510

Прилагодливост: Италијанско-Швајцарски армиски нож на мотоцикли

Да се ​​каже дека Multistrada му нуди прилагодливост на корисникот, можеби е потценување на годината. Од полуактивната „Skyhook“ суспензија преку моделите на возење па се до трите позиции за висина на седиштето. Можете лесно да го прилагодите Multistrada 1260 според вашите потреби.

За време на нашиот прв тест ги променив сите нивоа за да видам каква е разликата. Кај повеќето мотоцикли можете да промените само една работа, моќноста, контролата на тракцијата или пак ABS сопирачките. Кај Multistrada,промената на нивоата ќе ви го промени животот. Можеби малку претерувам но можете истовремено да ги менувате сетинзите кај ABS сопирачките, контролата на тракцијата, суспензијата и притоа да влијаете на потрошувачката на гориво. Кај моделот S, „Skyhook“ суспензијата сама ќе се прилагоди во зависност од површината по која возите.

Multistrada 1260 MY18 50 Slider Gallery 1920x1080

Quickshifter: Спортски – Туринг со акцент на спортскиот дел

2018 Ducati Multistrada 1260 можеби е најспортската верзија кај спорт-туринг мотоциклите. Таа има 158 коњски сили при 9,500 rpm и 95.5 lb-ft of torque при 7,500. Секако дека има мотоцикли кои ги надминуваат овие бројки, но начинот на кој е распределена моќта ќе ви овозможи големо уживање додека се возите со овој мотоцикл. Ново кај верзиите „S“ и „Pikes Peak“ е „DQS“.  Кога го возите Multistrada, системот „ DQS “ ви обезбедува уште поголемо уживање како што ги менувате брзините.

Multistrada 1260 MY18 Red 33 Slider Gallery 1920x1080

Подолга основа

2018 Multistrada 1260 е за 5,6цм подолг од неговиот претходник. Ова е значително зголемување кога станува збор за растојанието меѓу оските. Кај спортските мотоцикли ова се гледа многу ретко, бидејќи и покрај тоа што се зголемува стабилноста, управувањето со мотоциклот е малку потешко.

Го одбрав ова како едно од петте карактеристики бидејќи 1260 сепак е неверојатно брз и агилен. Оние кои ги возеле претходните модели можеби ќе ја забележат разликата, но за мене, тој е неверојатно лесен за управување и покрај неговата големина. Можеби тоа е поради „DSS“ или пак полесните бандажи или пак многу поверојатно поради комбинацијата која ја има целиот пакет. Иако немавме можност да го тестираме Multistrada 1260 на автопат, верувам дека одлично ќе се покаже и таму.

Multistrada 1260PikesPeak MY18 Red 02 Slider Gallery 1920x1080

Поголемо задоволство за сите

За разлика од порано, Ducati одлучи да ја промени својата политика. Иако сметам дека Multistrada има поголема корист од подолгиот интервал за редовен сервис, сметам дека тоа нема да влијае премногу кај потенцијалните купувачи. Промена на маслото е потребно да направите после 15000 километри, а целосен сервис на 30000 километри. Сопствениците на Multistrada 1260 можат да ги искористат предностите на подолгите интервали за сервис, кои сега се нудат кај многу понови мотоцикли на Ducati.

comments

Би можело да ве интересира

Дукати е првиот фабрички производител во МотоГП кој го претстави моторот со кој ќе се натпреваруваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо оваа сезона.

Новото правило со себе носи и голем број на услови кои мора да бидат исполнети. На пример, воздушното перниче задолжително мора да ги штити рамото и клучната коска, а заштитата на грбот не е задолжителна. 

Со оглед на тоа дека се влошува временската состојба, беше донесена одлука да се одложи деветата етапа, а тимовите да се префрлат во следниот камп кој се наоѓа во Салта, Аргентина.

Сем Сандерленд заздравува од повредата поради која мораше да се повлече од релито Дакар и веќе во текот на денешниот ден се очекува да се врати во Европа.

Корпорацијата Honda Racing објави дека Алберто Пуиг ќе биде назначен за нов тимски менаџер на тимот Repsol Honda. Тој ќе стартува со извршување на новата функција започнувајќи од првиот MotoGP тест од сезоната кој ќе се оддржи од 28-30 јануари на патеката во Малезија.

Како што одминуваат деновите од релито Дакар, се чини дека победата која ја постигна Жоан Бареда на петтата етапа ќе биде од голема важност.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!