Индијците спакуваа кинески електричен мотор под ново име и седиштето на компанијата го регистрираа во САД, дали ова ќе се покаже како рецепт за успех останува да видиме.

Постои една мото компанија наречена UM Global. Тие тврдат дека се Американска компанија чие главно седиште се наоѓа во Мајами, Флорида и продаваат спортски мотоцикли, ендуро модели како и скутери. Овие модели, кои имаат мали мотори многу личат на Xcross мотоциклите. Тоа е малку чудно со оглед на тоа дека на нивната интернет страна никаде не пишува ништо за Xcross. Но во секој случај, оваа недела во Индија компанијата претстави електрична верзија на нивниот „Renegade“ крузер наречен „Thor“.

20182F022Fum renegade thor auto expo 18 4 720x540

Според IndianAutosBlog, мотоциклот има литиумска батерија со три различни капацитети, 27 kWh, 15 kWh и 7.5 kWh. Нивната моќност ќе му обезбеди на Thor да помине приближно 270 километри со големата, 27 kWh, батерија додека пак со помалата може да се поминат околу 80километри. Од компанијата тврдат дека со брзиот полнач кој е дел од мотоциклот батеријата ќе може да се наполни за 40 минути.

Мотоциклот има четириесетина коњски сили и 8,000 максимален број на вртежи. Тоа е навистина импресивно со оглед на тоа дека станува збор за навистина мал мотоцикл. Она што е чудно е дека овој мотоцикл доаѓа со пет брзинска трансмисија како и хидрауличен кумплунг. Кај електричните мотоцикл многу ретко има мануелна трансмисија но очигледно нивните инжинери сметаат дека тоа е добар начин да се извади поголема брзина.

Неговиот изглед е стандарден и е сличен како и останатите такви мотоцикли. Напред и позади има диск сопирачки како и големо предно светло кое „воопшто“ не е позајмено од Harley-Davidson.

Се уште не се знае дали овој мотоцикл ќе се најде на пазарот во Европа и која ќе биде неговата цена. Во Индија таа изнесува 7.000 евра. Тоа можеби не изгледа многу но ако UM само препродава Xcross мотоцикли кои на интернет страната Ali Baba можат да се најдат по цена помеѓу 500 и 800 евра, тоа е премногу дури иако овие мотоцикли се електрични.

UM Renegade Thor front at 2018 Auto Expo 1024x678

Back To Top