Да позајмам една реченица која ја кажа Квентин Вилсон, ко-водителот на „Two Enthusiasts“, овој мотоцикл е навистина чуден. Но и покрај тоа што мотоциклот има навистина специфичен изглед, сепак има нешто посебно што привлекува.

Креиран од страна на Џек Воткинс, на Watkins M001 беше работено девет години и тој го има моторот со воздушно ладење кој може да се најде и кај BMW R1150RT.  Дизајнот на рачките е инспириран од BMW Harrier кој прв пат ни го привлече вниманието уште на самите почетоци на овој магазин. Ова е уште еден доказ за посветеноста на Џек Воткинс кој во своето слободно време работеше на мотоциклот.

Jack Watkins M001 custom BMW 20

Самото негово создавање е навистина импресивно, особено кога ќе дознаете дека ова е негов прв обид. При креирањето на овој мотоцикл е посветено големо внимание и на самите детали. Во однос на механиката, мораме да признаеме дека таа е навистина фасцинантна иако на моменти можеби делува и малку претерано. Сепак, сметаме дека тоа може да се смета за комплимент.

Back To Top