За 2018 година верзијата на Kawasaki Z900 која има 93 коњски сили (70kW) ќе им биде достапна на сите оние кои имаат А2 лиценца.

Популарниот Kawasaki Z900 продолжува да им го привлекува вниманието на луѓето од „зелениот тим“, прво преку тестирањето на постарата верзија на уличниот модел Kawasaki Z900RS, а сега, за лицата кои само што почнуваат да возат, достапна е и А2 верзијата на Z900.

2018 Kawasaki Z900 A2 license 02

Ова значи дека за 2018 година верзијата на Kawasaki Z900 која има 93 коњски сили (70kW) ќе им биде достапна на сите оние кои имаат А2 лиценца. Од компанијата се погрижија мотоциклот да го задржи изгледот и карактерот на неговиот поголем брат. Моќноста на мотоциклот ќе може да се намали до 35kW со помош на ECU доколку така налага дозволата на возачот.

Kawasaki се потруди изгледот на А2 верзијата да го оддржи речиси ист како и кај неговиот брат кој има 123кс. А2 верзијата исто така ги дели и истите главни технички карактеристики.

Веруваме дека оваа верзија на Kawasaki Z900 ќе биде доста популарна кај возачите кои имаат А2 лиценца пред се бидејќи е изградена на основа на веќе популарна платформа и не личи на мотоцикл кој е наменет за некој почетник. Сепак останува да видиме колку време ќе му треба на некој да го ослободи целосниот потенцијал на 123hp, четири цилиндричниот мотор.

Повеќе информации наскоро во увоникот на Кавасаки за Македонија, Динамикс.

Back To Top