Линијата MT на Yamaha која го има името “The Dark Side of Japan” ветува интересни и достапни улични мотоцикли за сите урбани возачи.

Некој од компанијата од Ивата сигурно си помислил дека актуелниот Yamaha MT-09 не е доволно добар. Тоа е единствената причина за да може да се објасни 2017 Yamaha MT-09, кој дебитираше денеска на INTERMOT шоуто во Келн, Германија.

Со двојни предни, LED светла,  Yamaha MT-09 сега изгледа многу послично кога ќе се спореди со Yamaha MT-10 или Yamaha FZ-10 streetfighter. Другите промени вклучуваат нова суспензија, променет заден дел и дополнително квачило.

2017 Yamaha MT 09 Europe static 16

Промените би требало да му овозможат на MT-09 да го задржи статусот на еден од најпопуларните улични мотоцикли во моментов во Европа. Веруваме дека моделот ќе се најде во продажба и преку океанот и ќе претставува подобрување на актуелниот Yamaha FZ-09.

Спортските промени, дополнително квачило и прилагодливата предна вилушка(секој дел од вилушката има посебна компресија) би требало да му овозможат на 2017 Yamaha MT-09 дополнително да ја зацврсти сојата положба кај возачите.

А во меѓувреме, промените на задниот дел на мотоциклот и издувниот вентил ќе овозможат Yamaha MT-09 да остане интересна за помладите возачи.

Се уште не е познато дали Yamaha MT-09 ќе пристигне и во Северна Америка, но сепак ние очекуваме да се случи такво нешто.  Очекувајте променета 2017 Yamaha FZ-09 да се појави на шоуто AIMExpo во Флорида оваа година.

Back To Top