Од минатогодишниот мото саем EICMA, знаеме дека „Scrambler“ мотоциклите и другите пост автентични модели конечно ќе започнат да ги произведуваат и големите компании, особено откако Јапонската четворка започна со тој тренд.

Тогаш, никој сериозно не размислуваше за овие модели, но сега ситуацијата е сосема поинаква, особено откако Yamaha го претстави моделот SCR950 2017, мотоцикл кој се базира на платформата на Yamaha Bolt.

2017 Yamaha SCR950 scrambler 14

Развиен за Американскиот пазар, Yamaha SCR950 има мали промени во дизајнот. Исто како и кај Yamaha Bolt,  и SCR950 има 942cc, 60° v-twin мотор со воздушно ладење. И шасијата е речиси иста.

Од промните можат да се забележат повисоките рачки, ниското седиште, поинаквиот издув и пневматици. Но сепак, главното прашање е дали овој мотоцикл ќе им се допадне на помладите возачи? Времето ќе покаже што е исправно.

Во САД овој модел во продавниците на Yamaha ќе се појави на почетокот на Јули. Неговата цена ќе изнесува 8699 долари, а исто така ќе можете да одберете и голем број на додатоци што одат со овој мотоцикл.

Back To Top