motori yamaha-yzf-r250-conceptYamaha наскоро ќе го претстави новиот модел на спортски мотор со зафатнина од 250цц, кој треба да биде директен одговор на конкуренцијата, пред се на Kawasaki и Honda. Според концептната слика моделот наликува на Yamaha R6..

yamaha-yzf-r250-concept

Yamaha наскоро ќе го претстави новиот модел на спортски мотор со зафатнина од 250цц, кој треба да биде директен одговор на конкуренцијата, пред се на Kawasaki и Honda. Според концептната слика моделот наликува на Yamaha R6, а според нашите информации ќе го носи името „Yamaha YZF-R250“. Иако сеуште не е сигурно дали ќе биде модел кој ќе се продава во 2013 или 2014 година, сигурно е дека ќе имаме можност да го видиме на претстојниот саем „EICMA“ во Милано, а потоа и кај застапникот на Јамаха за Македонија - Мото Азуро

Цената сеуште не е позната, но се очекува да биде под 5000 евра имајќи ги во предвид цените на конкурентните мотори Honda CBR250 и Kawasaki Ninja 300. Иако кај нас во мото заедницата сеуште важи мислењето дека брзинец со помалку од 600цц не е брзинец, на запад се повеќе се купуваат мотоцикли со помала зафатнина. Перформансите кои ги нудат се одлични, безбедноста е на високот ниво, а на изгледот неможе да му се најде мана, но нели не брчи доволно за да ги разбудите комшиите, па не е мотор. Додека не ни се смени менталитетот моторите како Yamaha YZF-R250 за жал ќе останат само мотори за почетници.

Back To Top