Точно половина од дваесет и четирите возачи кои ќе бидат дел од MotoGP шампионатот оваа година освоиле најмалку една титула во својата кариера. Со ова е изедначен рекордот кој беше поставен во 2015 година.

Меѓу возачите кои заедно имаат освоено 32 титули се: Валентино Роси (9), Марк Маркез (6), Хорхе Лоренцо (5), Дани Педроса (3), Јохан Зарко (2), Алваро Баутиста (1), Маверик Вињалес (1), Пол Еспаргаро (1), Тито Рабат (1), Андреа Довициозо (1), Франко Морбидели (1) и Томас Лути кој исто така има освоено една титула.

lg8 0425.gallery full top lg

Официјалните податоци исто така покажуваат и дека деветмина од возачите кои ќе се најдат на патеката во новата сезона веќе имаат постигнато најмалку една победа во MotoGP, а меѓусебе вкупно имаат 215 победи што претставува уште еден рекорд. 21 од вкупно 24 возачи кои се дел од шампионатот имаат постигнато најмалку една победа во некоја од сериите во кои што имаат настапувано досега, а вкупниот број на победи меѓу возачите изнесува 461.

Најстариот возач на оваа листа е Валентино Роси кој во февруари го прослави 39-от роденден. Најмлад возач пак е Алекс Ринс кој ќе има 22 години и 101 ден во недела, кога ќе се одржи првата трка од сезоната во Катар.

Back To Top