Со новиот договор кој го потпишаа Aprilia Racing и ManpowerGroup, а кој се однесува на MotoGP светскиот шампионат, брендот Experis е додаден на RS-GP машините кои ги возат Алеш Еспаргаро и Сем Ловс во текот на целата сезона 2017.

Со новиот договор кој го потпишаа Aprilia Racing и ManpowerGroup, а кој се однесува на MotoGP светскиот шампионат, брендот Experis е додаден на RS-GP машините кои ги возат Алеш Еспаргаро и Сем Ловс во текот на целата сезона 2017.

Покрај тоа, спонзорството ќе вклучува и соработка меѓу двете компании во идентификувањето и промовирањето на идните таленти. Тренинг дивизијата на Experis ќе организира врвна обука која ќе биде позната како „Motorcycle Race Engineering“.

aprilia racing pairs with manpowergroup for top training master 1

Дел од обуката, која е составена од 200 училишни часови, ќе бидат и дел од техничарите на Aprilia Racing, а ќе се оддржат и две работилници од кои едната ќе биде во седиштето на компанијата во Ноале, а другата ќе се оддржи за време на некоја MotoGP тест сесија.

„Горди сме што ја започнуваме оваа нова соработка со ManpowerGroup и што ќе обезбедиме одлични можности за талентираните млади луѓе,“ изјави менаџерот на Aprilia Racing, Романо Албесиано. „Ќе земеме активно учество во тренингот и ова е навистина интересна иницијатива со цел да се обучи идната генерација на техничари и инжињери.“

„ Aprilia Racing отсекогаш претставувала спој на таленти но не само во однос на возачи. Ноале отсекогаш било одлично место за тренинг каде што се обучувале најдобрите техничари. Со овој договор ќе постигнеме високо ниво на конкурентност во област која се повеќе бара знаење и специјализација.“

Огранизацијата ManpowerGroup е застапена во Италија од 1994 година и создава стратешки решенија за управување со човековите ресурси, вклучувајќи потрага и евалуација на персоналот, администрација на вработувањето на определен период, планирање на тренинзи и уште многу други работи.

Во 2015 година оваа организација само во Италија обезбедила вработување за повеќе од 80,000 лица, склучила повеќе од двеста илјади договори со 13 илјади клиенти. Шеста година по ред, таа ја добива наградата за најетичка компанија во светот.

Back To Top