Шефот на Aprilia, Романо Албесиано за Сем Ловс вели дека возачот ја има нивната целосна поддршка и дека се надева во иднина ќе биде подобар. Сепак, смета дека мора да бидат подготвени во случај тоа да не се случи.

Шефот на Aprilia, Романо Албесиано вели дека тимот прави планови за сезоната 2018 во случај актуелниот возач, Сем Ловс, да не покаже одредени подобрувања во следните неколку трки. Признава дека било разговарано со неколку возачи кои би можеле да го заземат неговото место.

Ловс  има договор со тимот за сезоните 2017 и 2018, но неодамна се појавија гласини дека неколку возачи би можеле да го преземат неговото место во тимот, а меѓу нив се најде и Италијанецот, Андреа Ианоне.

IMGP8218

Албесиано потврди дека тимот целосно стои зад 26 годишниот Ловс но призна дека очекува наскоро да се подобри неговата форма.

„Јасна е ситуацијата. Вложивме многу во Сем. Ние сме негови први поддржувачи и навистина се надевам дека во скоро време ќе покаже подобрување. Но во истовреме мораме да се подготвиме за следната сезона доколку тоа не се случи. Од таа причина разговараме и со други возачи,“ изјави Албесиано.

Што треба да направи Сем за да го задржи местото и во 2018 година? „Да покаже подобрување,“ одговори шефот на Aprilia.„Да покаже дека има напредок и тоа да се случи многу брзо.“ На прашањето дали тимот му има дадено рок до кога да се случи тоа, Албесиано само кратко одговори, не, нема конкретен датум.

Во саботата Ловс го изкажа своето незадоволство од начинот на кој тимот се справува со целата ситуација.

„Во гаражата се зборува за се што се случува и јасна ми е целата ситуација. Сепак, за мене тоа е речиси неверојатно. Шокиран сум и разочаран од некои од работите кои се случуваат. Моите резултати не се добри, но како дебитант на овој мотоцикл не сум многу добар. Тие не разбираат и тоа ми е многу чудно.“

Албесиано беше прашан и дали потпишување на договор со Италијански возач би претаставувало остварување на сонот. Неговиот одговор не даде целосна слика дали победникот на една трка од MotoGP шампионатот е меѓу возачите кои би можеле да пристигнат во тимот.

„Размислувам за разликата меѓу сонот и можноста. За нас она што е важно се перформансите на возачот. Ако е Италијанец тогаш би било добро но и да е од Сингапур не би претставувало никаков проблем.“

Back To Top