Уште откако почнав да следам МотоГП, постоеше силна врска меѓу Валентино Роси и Dainese. Деветкратниот светски шампион ја обожува нивната опрема, а бидејќи кацигите AGV се во сопственост на Dainese воопшто не не изненадува одлука за продолжување на одлуката, петта година по ред.

Италијанските компании ќе поддржат тим во кој сите возачи се Италијанци, а Франческо Бањаиа, Лука Марини, Николо Булега и Денис Фоџа ќе се натпреваруваат во Moto2 и Moto3 шампионатите. Четворицата возачи ќе ја имаат најновата и најдобрата опрема на Dainese и AGV, а меѓу кои се и Pista GP R како и ултра тенкиот D-Air 3D систем со воздушни перничиња.

cdn.uc .assets.prezly 2 copy

„Со голем ентузијазам Dainese и AGV ја обновија оваа соработка со тимот VR46,“ изјави Марко Пасторе, директор во групацијата Dianese. „Ова ќе биде важна сезона и поради воведувањето на системот со воздушни перничиња во сите шампионати. Ние сме првите кои ја развија и ја воведоа оваа технологија која им овозможува на возачите да бидат поблиску до нивниот лимит, а притоа и самата безбедност да биде поголема. Ова е дополнителна причина поради која ги поддржуваме овие млади возачи кои се иднината на мотоспортот.“

Новата сезона започнува на 18-ти март со трката во Катар.

Back To Top