MotoGP

Детали за новиот FIM MotoE Куп

Откако пред речиси една година беше најавен новиот 2019 FIM MotoE Светски шампионат, полека почнаа да се појавуваат детали за оваа електрична мото серија која ќе се оддржува паралелно со MotoGP шампионатот.

Следете нè на:

 

Кон крајот на 2017 дознавме дека Италијанската компанија Energica го доби договорот да ги снабдува тимовите со мотоцикли кои ќе се базираат на Energica Ego продукцискиот супербајк. Денеска дознавме уште неколку нови детали за серијата.

Enel, кој е главниот спонзор, заедно со Dorna и FIM ги открија основите на новата серија во однос на тимовите, мотоциклите, патеките и форматот на натпреварување.

FIM Enel MotoE World Cup Energica Ego race bike 04

Се предвидува секоја трка да има по десет круга и мали се шансите тој број да се зголеми. Ова е направено со цел како што се подобруваат перформансите на електричните мотоцикли така да се подобрува и целиот настан, а не да се додаваат дополнителни кругови на секоја трка.

Во однос на првата сезона, планирани се вкупно пет трки. Засега сѐ уште не е познато каде ќе се оддржат, а единствено се знае дека ќе бидат некаде во Европа. Ова е направено со цел да се привлече вниманието кое со себе го носи MotoGP шампионатот со цел да се промовира тркањето со електрични мотоцикли. Исто така на патеката ќе се најдат и тимови кои се дел од актуелниот Гран При шампионат. На патеката ќе има 18 мотоцикли, а за да се пополнат местата, секој од осумте независни тимови во MotoGP ќе добие по два мотоцикли додека пак останатите четири мотоцикли ќе им припаднат на тимовите од Moto2 и Moto3 сериите кои ќе одлучат да бидат дел од MotoE.

FIM Enel MotoE World Cup Energica Ego race bike 05

Тренинзите ќе се оддржуваат во петок, квалификациите во сабота, а самата трка ќе се оддржи во недела, нешто слично како и во MotoGP. Првиот пред сезонски тест е закажан кон крајот на месецов и ќе се оддржи на патеката во Херез.

Michelin останува главен снабдувач со пневматици додека пак главниот спонзор на серијата, Enel ќе се погрижи околу полнењето на електричните мотоцикли.

Enel исто така ќе соработува и со MotoGP со цел да ги направи гаражите на тимовите енергетски ефикасни.

Во однос на техничкиот аспект, од Dorna велат дека Enel на секоја патека ќе обезбеди мобилен полнач кој за 30 минути ќе треба да ги наполни мотоциклите.

FIM Enel MotoE Светскиот шампионат се очекува да го промовира тркањето со електрични мотоцикли, а Dorna и FIM се надеваат дека за тоа дополнително ќе придонесе и популарноста на MotoGP шампионатот.

Главното прашање кое сега може да се постави е: Дали тркањето ќе биде интересно?

FIM Enel MotoE World Cup Energica Ego race bike 02

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Не сите модели кои ќе ги видиме на Intermot имаат нова технологија, неколку мотоцикли за 2019 година добија само нова боја.

Денешните квалификации во Тајланд го однесоа Марк Маркез на нова пол позиција.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.