Како и што се очекуваше, стигна официјална потврда дека Џек Милер ќе ја напушти Honda и од 2018 година ќе настапува за Pramac Ducati.

Како и што се очекуваше, стигна официјална потврда дека Џек Милер ќе ја напушти Honda и од 2018 година ќе настапува за Pramac Ducati. Милер потпиша договор директно со Ducati и ќе биде нов тимски колега на Данило Петручи. Иако се уште не се знае со каков мотоцикл ќе настапува, се очекува Петручи да го добие најновиот модел на Desmosedici  додека пак Милер веројатно ќе настапува со некоја постара верзија.

IMGP7561 copy

HRC одлучија да не го продолжат договорот со Милер, а иако постоеше можност тој да потпише договор со Marc VDS, сепак мали беа шансите повторно да успее да се искачи во хиерархијата на Honda. Австалиецот исто така ќе настапуваше и со постар мотоцикл, а не е ниту сигурно дали ќе успееше да ги задржи и истите механичари.

Наместо тоа, Милер сега ќе му се приклучи на Ducati и ќе стане првиот возач по Кејси Стонер на кој му успеало тоа. Тој ќе го заземе местото на Скот Рединг чија што иднина се уште е неизвесна.

Со тоа што потпиша само едногодишен договор, Милер исто како и Петручи, следната сезона ќе може да се бори да добие фабрички мотоцикл.

Милер е дел од HRC уште од неговите денови во Moto3. После дебитанстската сезона на која настапуваше на LCR во следните две сезони тој возеше за Marc VDS. Влезе во историјата со изненадувачката победа на трката во Асен во 2016 година, која е прва победа за некој сателитски возач од 2006 година. Оваа сезона негов најдобар пласман е шестото место и е на пат да ја заврши својата најдобра MotoGP сезона.

Уште пред да започне летната пауза се зборуваше дека тој веќе потпишал договор со Pramac, но се појавија сомнежи по неговиот настап на трката Suzuka 8 Hours. Иако постои можност неговото место во Marc VDS да го заземе Рединг, Англичанецот имаше доста проблеми во изминатиот период со RC213V и се чини дека ќе се врати во Gresini.

Во меѓувреме, Marc VDS ќе треба да бидат доста креативни за да пронајдат соодветен возач кој ќе му биде партнер на дебитантот Франко Морбидели.

Со оглед на тоа дека Pramac веќе го комплетираше својот тим за сезоната 2018, сега остануваат уште Avintia (двајца возачи), Aspar (еден возач), Marc VDS (еден возач) и LCR (еден возач) да ја потврдат својата екипа за следната сезона.

Back To Top