Лидерот во MotoGP, Андреа Довициозо, ја отфрли понудата за продолжување на договорот која му ја даде Ducati

Довициозо, кој е дел од тимот уште од 2013 година и кој заврши на второто место минатата сезона, има договор со важност до крајот на 2018 година. Веќе одреден период тој е во преговори со тимот за продолжување на соработката.

Тимскиот менаџер, Давиде Тардози, на почетокот на месецов изјави дека Ducati е сигурен дека наскоро ќе дојде до продолжување на договорот. Но сега се чини дека првичната понуда која му ја дадоа е одбиена.

20182F042FAndrea Dovizioso Ducati Team 1

Агентот на Довициозо, Симоне Батистела за Motorsport.com изјави: „Далеку сме од конечен договор. Се сретнавме со Ducati и се договоривме дека треба да продолжиме да работиме за Андреа да се чувствува удобно.“

Во изминативме неколку години Италијанецот го зацврсти своето место како лидер на тимот откако успеа да победи на седум од изминатите шестнаесет трки. Во моментов тој е лидер на табелата со еден поен предност во однос на Марк Маркез.

„Возачот не бара нешто необично, нешто невозможно. Само она што смета дека го заслужува со оглед на работата која ја прави,“ изјави Батистела. „Но во моментов, ние сме далеку од договор.“

Но и покрај тоа што првичната понуда беше одбиена како и фактот дека Довициозо разговара со Honda и Suzuki, многумина сметаат дека 32 годишниот возач на крајот сепак ќе успеее да постигне договор со Ducati.

Се верува дека неговиот моментален договор изнесува нешто помалку од 2 милиони долари по сезона. Само за споредба, неговиот тимски колега, Хорхе Лоренцо, кој не е ниту близу до резултатите на Довициозо, заработува 12 милиони долари.

На крајот се чини дека Ducati нема да му дозволи на Довициозо да си замине од тимот со оглед на проблемите кои Лоренцо ги има со „Desmosedici “ како и тоа дека Suzuki го направи Шпанецот примарна цел за следната сезона.

Back To Top