thumb_ducatigp12-1На церемонијата која се пренесуваше во живо на интернет, МотоГП тимот на Дукати го претстави изгледот на GP12, моторот со кој Ники Хејден и Валентино Роси ќе се обидат да му ја вратат славата на италијанскиот тим.

ducatigp12-1

На церемонијата која се пренесуваше во живо на интернет, МотоГП тимот на Дукати го претстави изгледот на GP12, моторот со кој Ники Хејден и Валентино Роси ќе се обидат да му ја вратат славата на италијанскиот тим.

ducatigp12-2

Двајцата возачи одговараа на прашањата на присутните новинари, а Валентино Роси дури и си ја замени улогата со водителот на церемонијата па му поставуваше прашања на кои доби одговор во духовит стил.

ducatigp12-4

На прашањето што го прави Дукати посебен мотор, Роси одговори: „Дукати е мотор кој морате да го возите со посебна почит, бара многу од возачот, но истворемено и нуди многу. Едноставно, Дукати е посебен бренд.“

ducatigp12-3

Потоа следуваа прашања за сезоната која не очекува, а Роси и Хејден одговорија дека има огромен напредок во однос на минатата година, имаат одличен мотор, тим и спонзори и се надеваат дека годинава ќе им трге од рака.

ducatigp12-5

На крајот од церемонијата следуваше и официјално видео со презентација на новите мотори кое наскоро ќе биде објавено на мотори.ком.мк

Back To Top