„Се надеваме дека ако почнеме со серијата тоа ќе ги охрабри и останатите, и би можеле, да речеме после три години, да бидеме самостојна серија“

Продолжуваат да се развиваат плановите за формирање на шампионат на кој би настапувале електрични мотоцикли и кој ќе биде поддршка на MotoGP на одредени настани. Директорот за технологија на MotoGP, Корадо Кечинели, во моментов ја истражува практичноста која би ја имала една ваква серија. Иако се уште официјално не е одобрена, се чини дека таа ќе стартува во 2019 година.

PA2189163.0008

„Не размисуваме да воведеме електричен мотор во ниту една од Гран При сериите. Сепак, размислуваме за одделна серија која ќе се оддржи само на мал број на MotoGP настани,“ изјави Кечинели за Crash.net.

„Во моментов разгледуваме дали тоа би било практично и ако е така, кој би ни бил партнер. Но прво мораме да провериме дали воопшто би можеле да направиме интересна трка со електрични мотоцикли до зацртаниот период, односно до 2019 година. Дали постојат шанси тогаш да се најдеме на патеката? Се чини да.“

Зошто да почне серија со електични мотоцикли и зошто тие да бидат „Single spec“?

„Постојат голем број на причини. Една од нив е дека мораме да живееме во реалниот свет и да разбереме што ќе се случи со мото индустријата во иднина. Мислам дека ова е помалку опасен тест кој мораме да го направиме.“

„Сметаме дека ако почнеме со ваква серија тоа би ги охрабрило и останатите и тие би одлучиле да ни се придружат.“

На прашањето што лично мисли за електричните мотоцикли, поранешниот технички директор на Ducati MotoGP, изјави:  „Сум возел неколку електрични мотоцикли но не онакви какви што планираме да ги има во серијата. Тука не би настапувале мотоцикли како на пример BMW 1200GS.“

„Навистина бев изненаден и уживав додека го возев мотоциклот. Лесен беше за возење и воопшто не изгледаше дека има преголема тежина.“

„Она што особено ми се допадна беше поврзаноста меѓу гаста и вртежите, односно рачката и вртежите бидејќи кај нив нема гас! Исто така ми се допадна и забрзувањето. Тоа е неверојатно. Но она што не ми се допаѓа е дека се премногу тивки. Но мислам дека тоа ќе се промени во иднина.  Следната генерација на тркачи нема да ја сакаат бучавата бидејќи нема да бидат навикнати на неа.“

Back To Top