Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing. Со овој договор, Италијанецот во следните две години ќе го заземе местото на Тито Рабат во тимот, а постои опција договорот да биде продолжен за уште една сезона.

Franco Morbidelli Marc VDS Racing Moto2

Морбидели беше следен и од тимот на Ducati, но односот кој го изгради со Marc VDS Racing беше одлучувачки фактор. Сега откако потпишаа договор со Морбидели, тимот ќе се фокусира на вториот возач во тимот. Џек Милер се уште е фаворит за тоа место и Австралиецот во моментов е во интензивни преговори со тимот. Сепак, приоритет на Милер е да го обезбеди најдобриот можен пакет.

Back To Top