MotoGP

Фрустрираниот Кратчлоу изјави дека неговиот мотоцикл едноставно не е доволно добар

Фрустрираниот Кал Кратчлоу призна дека неговиот мотоцикл едноставно не бил доволно добар за да може да се натпреварува со Марк Маркез на трката која се возеше во Шпанија.

Следете нè на:

 

Британецот, кој излета надвор од патеката уште на почетокот на трката, призна дека направи грешка откако се обиде да се бори со лидерите на патеката.

„Фрустрирачки е бидејќи имавме уште еден добар викенд кога станува збор за темпото но за жал нашиот сет ап не беше доволно добар. Предната гума многу се загреваше. Брзината постојано варираше и се обидов да надополнам неколку секунди при сопирањето. Но тоа пак ја прегреваше гумата.“

cal herez

„Мислам дека во еден свиок премногу го навалив мотоциклот и ја допрев белата линија. Се уште немавме шанса да го анализираме тоа. Тоа беше иста ситуација како и во Тексас. Очигледно е дека сум разочаран бидејќи мислам дека можев да се најдам на подиумот. Можеби ќе беше тешко да дојдам до победа но мораме да ги согледаме и позитивните страни од трката и да заминеме во Ле Ман знаејќи дека имаме добра брзина. Едноставно не беше наш ден.“

Британецот има уште една позитивна работа на која може да се радува, а тоа е успешниот тест кој го имаше во понеделникот, веднаш по завршувањето на трката. Кратчлоу смета дека тоа ќе им помогне за следната трка.

„Имавме позитивен ден, а тоа може да се види и по времето кое го постигнавме. Но сепак, тоа не значи дека лесно треба да го прифатиме резултатот од викендот. Повторно работевме на еден позитивен начин и навистина се чувствував добро на мотоциклот. Задоволни сме од тоа како работеше тимот, а исто така добивме помош и од Honda. Со позитивни мисли заминуваме на следната трка.“

Би можело да ве интересира

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

За време на прес конференцијата која се оддржа на EICMA, Yamaha претстави две изданија на тркачки фокусирани мотоцикли. Тие се креирани со цел да се најдат на врвот во Супербајк и Суперспорт 300 категориите.

Седиме покрај патеката и гледаме како BMW GS го прави она што најдобро го знае. Но, има една огромна разлика: Мотоциклот се движи сам.

BMW вели дека имале три цели кога го дизајнирале новиот S1000RR: да биде една секунда побрз кога е на тркачка патека, да биде 10 килограми полесен и полесно да се контролира. Од првиот поглед на спецификациите, ни стана јасно дека успеале во тоа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.