Најдоброто време кое го постина Ианоне беше за малку послабо од времето потребно за пол позиција на Шпанската трка, иако патеката оттогаш доби промена на подлогата.

Андреа Ианоне постигна најдобар резултат на патеката во Херез каде заеднички настап имаат тимовите од MotoGP и Superbike шампионатите. После два дена во кои настапија само десетина мотоцикли, работите значително се променија во средата кога на патеката излегоа 29 возачи.

Со MotoGP, Superbike и Британските Superbike машини на патека истовремено, резултатите беа навистина интересни, а овој пат и момците од Kawasaki се измешаа со најдобрите тимови од GP шампионатот.

ianone najbrz herez 1 2

Најдоброто време кое го постина Ианоне беше за малку послабо од времето потребно за пол позиција на Шпанската трка, иако патеката оттогаш доби промена на подлогата.

Кал Кратчлоу го постигна второто најдобро време. Него го очекуваат напорни тестирања со оглед на тоа дека треба да тестира три RC213V, два со спецификации за 2018 како и овогодинешниот мотоцикл.

Довициозо беше најбрзиот возач на Ducati и на крајот заврши пред тимскиот колега Хорхе Лоренцо. Пол Еспаргаро повторно ни го покажа напредокот на КТМ и на крајот заврши со заостанување од само 0.2 секунди зад возачите на Ducati.

Том Сајкс беше најдобар од возачите во Супербајк категоријата и на крајот заврши на шестото место. Тито Рабат се најде на седмото место и продолжува со напредокот по преминот во Avinta Ducati. Џонатан Реа, кој се најде веднаш зад него, се мачеше во текот на целиот тренинг. Возачот од Северна Ирска излета од патеката и на крајот на денот мораше да замине во болница .

Бредли Смит со КТМ го постигна деветото најдобро време, а Скот Рединг со својот втор тест со Aprilia ја заокружи листата на десетте најдобри возачи.

Марко Меландри беше дванаесетти и на крајот се најде пред возачот на Yamaha, Алекс Ловс.

Јуџин Лаверти го замени својот Milwaukee Aprilia за Aprilia MotoGP машина. Со оглед на тоа дека Томас Лути се уште не може да настапи, Estrella Galicia настапот на својот мотоцикл го подели на двајца возачи, Такуми Такахаши и Алекс Маркез кој го имаше својот прв целосен настап на MotoGP мотоцикл.

jereztestweds

Back To Top