thumb_765283371_1МотоГП тимот на Јамаха на вчерашната презентација во Монца пред повеќе од 50 свои соработници го претстави моторот со кој оваа сезона Хорхе Лоренцо и Бен Спиз ќе атакуваат на титулата.

765283371_1

МотоГП тимот на Јамаха на вчерашната презентација во Монца пред повеќе од 50 свои соработници го претстави моторот со кој оваа сезона Хорхе Лоренцо и Бен Спиз ќе атакуваат на титулата. Токму тие беа и домаќини на ексклузивната презентација на новиот мотор, а спонзорите и одбраните луѓе можеа да уживаат на презентацијата во ексклузивна винска визба на „Gruppo Meregalli“ во Монца.

Лин Џарвис, шефот на Јамаха по овој повод изјави: „Ја започнавме сезоната со два успешни теста на Сепанг, и тогаш ни беше чест и задоволство да ја споделиме радоста со нашите спонзори и партнери. Вечерва, оваа локација која е во близина на нашето седиште и работилница е како цреша на шлагот. Би сакал да му се заблагодарам на Марсело Мерегали за елегантниот дочек вечерва. Оваа средба е исполнета со позитивност и оптимизам пред почетокот на сезоната. Сите со нетрпение го очекуваме последниот пред-сезонски тест на Херез каде и официјално ќе го претставиме тимот, а веднаш потоа следува и првата трка. Ни недостасува уште само малку и ќе бидеме целосно подготвени за почетокот на сезоната, а сите во тимот се возбудени и со нетрпение ја очекуваат првата трка.“

Последното тестирање ќе се одржи од 23-25 март на патеката Херез во Шпанија каде ќе биде и официјалното претставување на тимот и тогаш целата јавност ќе може да го види новиот мотор на Јамаха.

Back To Top