Кал Кратчлоу додаде уште една година на својот договор со HRC и сега ќе биде дел од тимот се до 2020 година.

Ова значи дека Англичанецот ќе остане дел од екипата уште две години и ќе се изедначи со речиси сите возачи кои се дел од серијата. По завршувањето на сезоната 2020, Кратчлоу ќе биде дел од еден голем бран на потпишување на договори со оглед на тоа дека ќе се ослободат многу места во тимовите.

cal crutchlow red bull ring motogp lcr honda

Но тоа не е единствената вест за денеска. Алваро Баутиста оддржа прес конференција на патеката во Силверстоун и соопшти дека потпишал договор со Aruba.it Ducati кој е дел од WSBK серијата.

„Многу сум среќен што го продолжив мојот договор со Honda HRC и LCR Honda до 2020 година“, изјави Кратчлоу. „Сите работевме напорно и постигнавме голем успех. Очекувам тоа да продолжи и во иднина.“

„Како што веќе имам изјавено досега, имам неверојатна поддршка, а Honda и Лусио се обидуваат за секоја трка да ми обезбедат компетитивен мотоцикл.“

Шефот на LCR Honda, Лусио Чечинело вели: „Многу сме среќни што ја продолживме соработката со Кал најмалку до 2020 година. Сметам дека тој покажа неверојатен талент и знаење откако за прв пат се приклучи на тимот во 2015 година. Сакам да му се заблагодарам за одличните резултати кои ги постигнавме досега. Заедно со нашите партнети ќе продолжиме и во иднина да работиме напорно.“

Back To Top