„Сем досега не доби шанса“ –Кал Кратчлоу

Кал Кратчлоу верува дека дебитантот Сем Ловс треба да добие дополнително време за да може да се докаже во MotoGP. За време на трката во Каталуња, Aprilia ги потврди гласините дека Ловс се соочува со можноста да го загуби своето место во тимот доколку за брзо време не покаже некакво подобрување.

IMGP8218 copy

До почетокот на летната пауза, Англичанецот само еднаш се најде на позиција која носи поени но сепак покажа дека е талентиран за време на втората квалификациска сесија на влажната патека во Асен. Сепак таму тој доживеа механички проблем. Тоа не беше прв пат оваа сезона, а плус поранешниот светски шампион во Суперспорт категоријата настапува на постара верзија на RS-GP во споредба со тимскиот колега, Алеш Еспаргаро.

„Сем досега не доби вистинска шанса, тоа мора да се признае. Повеќе време поминуваше во гаражата отколку на патеката. Со соочи со голем број на механички проблеми на кои тој не може да влијае. Токму поради таа причина сметам дека не успеа да се докаже.“

Дополнителен притисок му прави и поранешниот возач во Moto2, Јохан Зарко, а сега и Јонас Фолгер кои веќе успеаа да се искачат на подиумот со Tech 3 Yamaha додека пак Алекс Ринс успеа да го освои деветото место пред да се повреди.

Но според Кратчлоу, тоа не е фер споредба.

„Јасно ми е од каде доаѓа Aprilia но ако ги гледаат Зарко и Ринс за споредба тогаш прават голема грешка,“ вели Кратчлоу. „Мотоциклот на Зарко е неверојатно лесен за возење. А не можете да претпоставите на која позиција би се нашол тој доколку го ставите на мотоцикл на Aprilia или Honda. Воопшто не би бил близу до позицијата на која се наоѓа сега, во тоа сум сигурен. Немојте да ме разберете погрешно, тој е добар возач.Овие двајца возачи не можат да се споредуваат, а мислам дека на Сем му е потребно само малку време.“

Кратчлоу исто така призна дека и тој се соочувал со слични проблеми кога премина во MotoGP во 2011 година.

„Она што го прави со мотоциклот не е сосема погрешно, но сепак греши. Исто така возев и јас на почетокот, а погледнете сега каде завршив. Бев ужасен, а видете каде сум сега.“

„Првата година имав долги разговори со шефот на Tech 3. Сакав да си заминам и да се вратам во Супербајк шампионатот. Поншарал беше личноста која ми кажа дека ми е потребно само малку време. Следната година на првата трка го освоив четвртото место, а плус и два пати успеав да се искачам на подиумот. “

„Мораш да стекнеш искуство за да се подобриш, но тие дефинитивно мора да му дадат време на Сем. Проблемот е што сега луѓето ги споредуваат новите возачи со Марк кога тој прв пат дојде во шампионатот. Тоа не смеете да го правите. Немате претстава што може Марк да направи со мотоциклот. А исто така не смеете ниту да го споредувате со некој возач кој настапува на друг мотоцикл.“

„Но ако сега го ставите Марк на тој мотоцикл тој сигурно ќе се најде на подиумот. Тоа го гарантирам. А зошто не му извршат притисок на Алеш? Но не сакам да го критикувам него туку тимот.“

„Алеш и Сем се добри возачи и мислам дека и двајцата заслужуваат место во екипата.“

Сепак се чини дека мали се шансите Сем да остане во екипата со оглед на фактот дека неколку возачи признаа дека веќе имале преговори со Aprilia. Шпанецот во моментов е на четиринаесетото место во шампионатот со освоени дваесет и три поени.

Back To Top