„Ако пробате да се надмудрувате со Марк, тоа нема да ви успее“ – Кал Кратчлоу

Кал Кратчлоу не е изненаден од фактот дека на половина од сезоната, Марк Маркез се наоѓа на првото место во генералниот пласман.

„Тој е најдобриот возач во шампионатот. Човекот кој сега е лидер на табелата ќе го освои шампионатот,“ изјави Кратчлоу.

IMGP8301 copy

Возачот на Repsol Honda ја оствари само втората победа оваа сезона но и покрај тоа се наоѓа на првото место на табелата со предност од пет поени во однос на Маверик Вињалес.

„Мерк едноставно си игра со нив. Исто како што направи со Вињалес вчера. Тој го сака тоа. Интересно му е. Ако се обидувате да се надмудрувате со него, тоа нема да ви успее.“

Меѓу првите четворица возачи на табелата-Маркез, Вињалес, Довициозо и Роси- разликата во моментов изнесува само десет поени.

Back To Top