Франко Морбидели ризикуваше многу со цел да дојде до победа во последниот круг од трката која се возеше во Арагон и да ја зголеми предноста во однос на Томас Лути.

Франко Морбидели ризикуваше многу со цел да дојде до победа во последниот круг од трката која се возеше во Арагон и да ја зголеми предноста во однос на Томас Лути.

694595

Италијанецот се чинеше дека ќе биде сигурен победник уште од самиот старт на трката но Матиа Пасани кон крајот на трката успеа да го стигне. И покрај тимските наредби да вози безбедно, Морбидели ризикуваше со цел да го освои максималниот број на поени.

Мигел Оливеира заврши на третото место и постигна уште еден добар резултат за КТМ во нивната дебитантска сезона. Вториот возач на тимот, Бред Биндер, заврши на петото место веднаш зад Томас Лути. Симоне Корси, Такааки Накагами, Сандро Кортезе и Франческо Бањаиа ги заокружија првите десет возачи.

Денот беше разочаруваки за вториот возач на Marc VDS Алекс Маркез кој мораше од страна да го гледа својот тимски колега поради падот во кој се здоби со повреда на колкот.

moto2 1

Back To Top