Сем Ловс ќе се врати во Gresini Racing во сезоната 2019. Тој одлучи да се врати во тимот со кој беше блиску до освојување на титулата по неуспешниот настап кој го имаше во MotoGP. Британскиот возач последен пат возеше за нив во 2017 година и настапуваше на Kalex машина.

Иако постоеја гласини дека голем број на тимови се заинтересирани за неговите услуги, сепак 27 годишниот возач се одлучи за тимот со кој успеа да постигне две победи и шест места на подиумот.

sam lowes

„Многу сум среќен што повторно ќе соработувам со Gresini Racing и Federal Oil. И двете страни имаат незавршена работа. Многу научив во изминативе две сезони и сега е време да го покажам тоа. Го знам начинот на кој работи тимот и целосно верувам во нив. Мотивацијата ми е на многу високо ниво и со нетрпение чекам да почне нашето партнерство. “

И покрај несогласувањата кои ги имаше со Aprilia, Фаусто Гресини, кој исто така е дел од тој тим вели дека е среќен што Ловс повторно се враќа во екипата.

„Одлично е што Сем се враќа кај нас. Тука помина две сезони, а првата беше година за паметење. Среќен сум што ќе можам да сметам на неговиот професионализам и талент. Заедно со Federal Oil на наша страна, убеден сум дека повторно ќе бидеме некаде на врвот во средната класа.“

Ловс ќе го замени Хорхе Наваро кој ќе премине во уште еден поранешен тим на Ловс, Speed Up. Таму тој ќе биде замена за Британецот Дени Кент.

Back To Top