Лидерот во Moto2 шампионатот Франко Морбидели, вели дека е свесен дека мора да продолжи да притиска и да се потпира на тимот во пресрет на последните пет трки од сезоната. Во моментов, тој има предност од 9 поени во однос на Томас Лути.

Лидерот во Moto2 шампионатот Франко Морбидели, вели дека е свесен дека мора да продолжи да притиска и да се потпира на тимот во пресрет на последните пет трки од сезоната. Во моментов, тој има предност од 9 поени во однос на Томас Лути.

morbideli dozd

Се чинеше дека Морбидели ќе ја зголеми предноста но поради силниот дожд тој направи мала грешка и мораше да го препушти водството во трката. Вели дека е свесен дека не смее истото повторно да му се случи.

„Постојано бев брз на суви услови но денеска на дождот направив грешка. Морам да останам фокусиран и да продолжам да притискам на следната трка во Арагон бидејќи се уште имам предност од 9 поени. Знаеме дека сме силен тим и мораме да притискаме бидејќи како што видовме, се може да се случи.“

Тој исто така се надева дека за следната трка, која се вози за две недели, ќе се врати и неговиот тимски колега Алекс Маркез. Маркез има пукнатина на карлицата по падот кој го диживеа за време на тренингот во петокот наутро. Сепак тимскиот шеф Мајкл Бартоломју верува дека тој ќе биде подготвен да настапи на неговата домашна трка.

„Голема штета е она што му се случи на Алекс. Тој возеше одлично и беше најдобар на тренингот. И на него како и на тимот им беше тешко бидејќи не можеше да настапи. Но најважното нешто за него е сега да се врати дома во Шпанија и да се одмори бидејќи го чека исклучително важна трка. Добрата работа е што не требаше да се изврши операција и затоа мислам дека не би требало да има никакви компликации.“

Back To Top