Новиот Moto2 мотор на Triumph за прв пат се појави на тркачката патека.

Kalex, KTM и NTS минатата недела три дена го тестираа новиот 765cc мотор на патеката во Арагон. Тие оддржаа приватен тест на Шпанската патека, а покрај нив, таму имаше и голем број на други тимови кои се дел од Moto2 и Moto3 серијата.

Возејќи на неверојатно топло време, (температурата на воздухот изнесуваше 40 степени додека пак на патеката 60 степени), неколку возачи го испробаа моторот на неколку машини од трите производители.

moto2 770x433

Но ова не беше само прво тестирање на моторот туку и прв пат како еден Moto2 мотоцикл опремен со електронски помагала се појавува на патеката. Првичните повратни информации беа позитивни. Наводно, тој беше речиси изедначен со мотоциклите на најдобрите тимови во серијата, а дополнителните 175cc целосно го компензираа губењето на еден цилиндар.

Ловс беше еден од возачите кои се најдоа на патеката. Возачот на КТМ веднаш по завршувањето на тестот изјави дека предната вилушка му дала дополнителна самодоверба и покрај тоа што патеката била топла и лизгава. Џон МекФи исто така беше на патеката со неговата Moto3 машина. Ова за него беше прв тест од почетокот на сезоната и се обиде да го подобри резултатот кој веќе го постигна за време на трката во Барселона.

Back To Top