Бредли Смит заминува на трката која ќе се оддржи овој викенд во Австрија со големо задоволство, пред се бидејќи таму има голем број на негови фанови. Смит вели дека е изненаден од лојалноста која навивачите ја покажуваат кон него и кон неговиот тимски колега Пол Еспаргаро.

„Навивачите на КТМ се многу горди. Повеќето луѓе навиваат за нас бидејќи се фанови на КТМ. Не сакам да лажам, повеќето од нив се Австријци. Но тие се исти како и фудбалските навивачи бидејќи му се лојални на тимот. Нивната крв е портокалова.“

IMGP7492

„Тие само сакаат да знаат кога тимот ќе има позитивни резултати. Не престануваат да веруваат дека ќе дојде тоа време и само сакаат да знаат кога ќе биде тоа. Нема да им пречи ниту да чекаат пет години само да можат на своите пријатели да им кажат дека на тимот му се потребни пет години за да почне да постигнува добри резултати.“

Иако напредокот на RC16 во моментов е бавен, Смит верува дека резултатите ќе стигнат за кратко време.

„КТМ секогаш стигнува до крајната цел. Имам комплетна доверба во нив. Единствениот возач кој пред мене се качи на мотоциклот на КТМ беше Хофман и многумина ме прашуваа дали сум ги видел резултатите кои ги постигнува тимот. Но имам доверба во нив и дури и сега можам да забележам дека се движиме во вистинската насока.“

„Тоа беше вистинскиот чекор во тоа време во мојата кариера. Се вратив неколку чекори назад но во најдобрите мои години ќе бидам во одличен тим. Тоа ми е желбата и верувам дека ќе се оствари.“

Back To Top