Францускиот Супербајк возач, Лорис Баз, ќе го замени повредениот Пол Еспаргаро на Британската Гран При трка која ќе се оддржи овој викенд.

По излетувањето на трката која се оддржа во Брно, Еспаргаро доби повреди на рбетот и клучната коска. Иако пополека заздравува од повредите, сепак нема да може да биде дел од трката. Со оглед на MotoGP правилата кои налагаат дека тимот мора да го замени својот возач после десет дена, се чинеше дека екипата нема некои големи опции. И нивниот тест возач, Мика Калио, исто така се повреди за време на трката која се возеше во Германија.

IMGP9169

Баз веќе има искуство на MotoGP машина откако имаше две успешни сезони со Avintia Ducati во 2017 и 2018 година. Бидејќи Французинот нема договор со некоја фабричка екипа која е дел од WSB серијата, шефовите на неговиот тим, Althea BMW му дозволија на Французинот да биде замена за Еспаргаро.

Оваа вест ќе биде големо олеснување за Бредли Смит бидејќи Британскиот натпреварувач сега нема да биде единствениот возач на тимот кој ќе се појави на патеката.

Back To Top