Андреа Довициозо имаше добар настап на мократа патека во Мотеги за време на првиот ден за тренинг. На крајот тој успеа да направи предност од неколку десетинки пред ривалот за титулата, Марк Маркез.

Андреа Довициозо имаше добар настап на мократа патека во Мотеги за време на првиот ден за тренинг. На крајот тој успеа да направи предност од неколку десетинки пред ривалот за титулата, Марк Маркез.

dovi motegi

Маркез имаше среќа што денот го заврши без да се повреди откако пред самиот крај на тренингот тој излета од патеката. Сепак, на крајот тој успеа да стигне до второто место и покрај импресивниот настап на возачот на Aprilia, Алеш Еспаргаро.

Хорхе Лоренцо заврши на четвртото место и покрај малиот контакт кој го имаше со Кал Кратчлоу. На крајот тој заврши пред најдобриот возач на Yamaha, Јохан Зарко. Возачите на фабричкиот тим на Yamaha, Маверик Вињалес и Валентино Роси завршија на единаесетото и дванаесетото место .

Данило Петручи беше шести, а веднаш зад него се најдоа Андреа Ианоне и Дани Педроса. Кал Кратчлоу и дебитантот Алекс Ринс ги заокружија првите десет места.

combinedpracticetimes

Back To Top