Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез. Откако успеа да го помине тимскиот колега на Довициозо, Хорхе Лоренцо во дванаесетиот круг, разликата меѓу двата возачи до крајот на трката постојано изнесуваше само неколку метри. Оваа трка беше навистина возбудлива, само во еден круг тие дури пет пати ги сменија местата. Дани Педроса успеа да им се приближи но сепак не можеше да ги следи до крај.

IMGP8609 copy

На три круга пред крајот Маркез направи грешка и се чинеше дека Довициозо ќе биде победник. Но сепак, возачот на Repsol Honda успеа да се врати и борбата продолжи до самиот крај на трката. Во текот на последниот круг, Маркез кој беше веднаш зад Довициозо, на два пати се обиде да го претекне италијанецот, но Довициозо успеваше да се спаси. Дани Педроса го освои последното место на подиумот со предност од 4 секунди пред Хорхе Лоренцо. Шпанецот кој настапи со ист сет на пневматици како и Довициозо, беше брз но сепак уште треба да работи на оддржување на темпото.

Возачот на Monster Yamaha Tech 3, Јохан Зарко, беше најдобриот возач на Јамаха откако го освои петото место. Французинот на крајот заврши пред фабричките возачи на Yamaha, Маверик Вињалес и Валентино Роси.

Довициозо сега се наоѓа на второто место во шампионатот со заостанување од 16 поени зад Маркез. Вињалес заостанува 24 поени зад лидерот додека пак разликата меѓу Маркез и Валентино Роси изнесува 33 поени.

Возачот на Aspar Ducati, Алваро Баутиста, беше осми, а Лорис Баз и Мика Калио ги освоија деветото и десетото место. Возачот на КТМ, Пол Еспаргаро, мораше предвреме да ја напушти трката откако се судри со друг возач, а трката прерано ја напуштија и Јонас Фолгер и Данило Петручи. Возачот на Marc VDS, Џек Милер, беше единствениот возач кој падна.

Back To Top