Денот започна сончево но силниот дожд пред самиот старт на трката му помогна на Италијанецот кој најпрво успеа да го претекне Маркез, а потоа и Јохан Зарко и Лоренцо.  

Андреа Довицизо сѐ уште има шанси за освојување на титулата во 2017 MotoGP шампионатот откако во претпоследната трка за оваа година во интересна борба успеа да му ја одземе победата на тимскиот колега Хорхе Лоренцо. Лидерот на табелата, Марк Маркез, се одлучи да вози посигурно и на крајот заврши на четвртото место на трката која се возеше во Малезија.

dovi lorenzo

Денот започна сончево но силниот дожд пред самиот старт на трката му помогна на Италијанецот кој најпрво успеа да го претекне Маркез, а потоа и Јохан Зарко и Лоренцо.  

Тимскиот колега на Маркез, Дани Педроса на крајот беше петти , добар резултат со оглед на условите на патеката. На шестото место се најде Данило Петручи кој поради технички проблеми мораше да стартува од последниот ред.

Валентино Роси беше најдобриот возач на Yamaha и на крајот заврши на седмата позиција. Џек Милер беше осми, а на деветото место се најде тимскиот колега на Роси, Маверик Вињалес. Пол Еспаргаро имаше уште еден добар настап за Red Bull KTM и на крајот заврши на десетото место.

motogp rezultati malezija

Back To Top