Францускиот MotoGP возач, Јохан Зарко вели дека ја започнува својата втора сезона во премиерната класа со огромна желба за победа.

Водејќи на табелата на првите шест трки од минатата сезона, Зарко вели дека досегашното искуство како и успешните зимски тестови ќе му помогнат да не ги повтори грешките од минатата година.

„Сезоната само што не почнала и навистина сум среќен поради тоа. Последниот тест во Катар беше одличен. Тоа што постигнавме најдобар резултат ни дава дополнителна самодоверба и мотивација. Ќе ја почнам првата трка од сезоната со желба за победа. Сакам да продолжам да бидам среќен но ајде да почекаме и да видиме што ќе ни донесе викендот.“

712303

И тимскиот шеф, Ерв Поншарал, го дели ваквиот оптимизам, признавајќи притоа дека тимот ќе стори се што може за да му помогне на Зарко да го надгради успехот од минатата сезона.

„Конечно завршивме со тестовите и сега можеме да почнеме со тркање. Мислам дека сме подготвени, имавме успешни тестови и Јохан се чувствува подготвен за стартот на сезоната. Тој веќе му покажа на светот дека е меѓу најдобрите возачи и има за цел да продолжи од онаму каде што застана минатата сезона.“

Иако се подготвени за натпреварување, Поншарал вели и дека тимот со нетрпение го чекаше стартот на сезоната пред се поради целиот стрес кој го преживеале по завршувањето на минатогодишната сезона.

„Навистина беше тешко но истовремено и голем предизвик да ја најдеме вистинската замена за Јонас Фолгер кој одлучи да ја пропушти следната сезона. Навистина сме среќни што дел од нашиот тим ќе биде Хафиз Сиахрин кој е многу талентиран млад возач полн со потенцијал. Сакам да му посакам добредојде во Monster Yamaha Tech3 фамилијата и му посакуваме среќа во сезоната која е пред нас. Заминуваме на првата трка од сезоната со голема насмевка на нашето лице и со голема надеж за сезоната. “

Back To Top