new-logo-moto-gpСпоред информациите до кои дојдовме од Дорна (сопственикот на правата за МотоГП), на територијата на Македонија МотоГП шампионатот ќе се емитува непречено преку SportKlub каналот.

new-logo-moto-gpСпоред информациите до кои дојдовме од Дорна (сопственикот на правата за МотоГП), на територијата на Македонија МотоГП шампионатот ќе се емитува непречено преку SportKlub каналот.

Минатата година заради откупените права од страна на АБ Канал, и покрај тоа што трките не се емитуваа на нивната фрекфенција од Советот за радио дифузија беше побарано да го блокира емитувањето на SportKlub преку сите кабелски и сателистки оператори во земјава па бевме приморани најмасовното мото натпреварување да го следиме преку интернет.

Годинава за територијата на Македонија правата ги има откупено каналот SportKlub кој може да се следи преку повеќето ТВ оператори во земјава. Сепак преносот во живо ќе се одвива на SportKlub Prime каналот кој не влегува во стандардните пакети, а на обичниот SportKlub канал ќе се емитуваат репризи од трките со задоцнување од 1-2 часа.

Не заборавајте, возбудувањата веќе започнаа, првиот тренинг пред трката за ГН на Катар која викендов се вози на патеката Лосаил заврши во полза на Кејси Стонер. Вториот тренинг и третиот на програмата се утре.

Квалификациите започнуваат во сабота во 18:55, а првата трка во сезоната започнува во недела, во 21.00 по наше време.

Back To Top