„Ако ги погледнете резултатите на правецот се чини дека дури и Петручи може да биде брз на оваа патека. Кратчлоу исто така беше брз и конзистентен, а Зарко беше брз и покрај тоа што имаше проблеми на правецот. Роси исто така беше солиден но мислам дека Довициозо ќе биде најдобар.“

Актуелниот Светски шампион, Марк Маркез, вели дека секој возач може да победи на првата трка од сезоната која ќе се оддржи во Катар. Ваквата прогноза на Шпанецот следува откако на последниот претсезонски тест, неколкуте најбрзи возачи во серијата беа премногу изедначени. Иако Јохан Зарко се најде на врвот на табелата, разликата меѓу првите десет возачи беше само неколку десетинки. Покрај времињата кои ги постигнаа, и темпото на возачите беше приближно исто, а Маркез очекува првата трка од сезоната да биде прилично хаотична.

712305

„Ако ги погледнете резултатите на правецот се чини дека дури и Петручи може да биде брз на оваа патека. Кратчлоу исто така беше брз и конзистентен, а Зарко беше брз и покрај тоа што имаше проблеми на правецот. Роси исто така беше солиден но мислам дека Довициозо ќе биде најдобар.“

„Но ние сме подготвени за трката и имавме добри претсезонски тестови. Работевме напорно во Тајланд и Малезија, а исто така и во Катар. Извозевме голем број на кругови за што е можно подобро да го научиме мотоциклот. На патеката во Лосаил имавме мали проблеми, но тоа и се очекуваше. Но последниот ден го подобривме темпото и среќен сум поради тоа.“

Back To Top