Michelin, eдинствениот производител на пневматици во MotoGP вели дека планира да урне неколку рекорди на нивната домашна трка во Ле Ман, Франција.
Француската компанијата на трката ќе донесе меки, средни и тврди пневматици, симетрични предни гуми и асиметрични задни гуми. Истата комбинација на компоненти ќе ја имаат и пневматиците за дожд со оглед на непредвидливите временски услови.
Откако ја научија лекцијата од минатата година, шефот на Michelin, Пиеро Томаси вели дека нивната цел овој викенд е едноставна, да бидат уште побрзи.
„По последните три трки, каде што моравме да се подготвиме за целосно нова подлога, добро е што се враќаме на патека која ја познаваме подобро. Минатата година пред трката имавме можност да тестираме во Ле Ман и тоа ни помогна да имаме успешен викенд, пневматиците одлично се покажаа и успеавме да урнеме неколку рекорди.“
„Тоа очигледно е нашата цел и за оваа година и навистина е важно за Michelin да има добар настап пред домашната публика. Ле Ман не е премногу тешка патека но сепак ви треба гума која ќе ви обезбеди добра контрола и стабилност при сопирање.“