Во следните неколку денови и официјално треба да биде потврдена информацијата во однос на идината на Дани Педроса во MotoGP шампионатот.

Се верува дека Шпанецот веќе потпишал договор со кој ќе му се приклучи на новиот тим, Petronas Yamaha и ќе настапува со сателитски мотоцикл.

Новиот тим најверојатно ќе го заземе местото кое досега му припаѓаше на Aspar Ducati, за кои пак големи се шансите да ја напушти серијата поради неколкуте обвинувања за финансиска нестабилност. Најверојатно нов тимски колега ќе му биде Франко Морбидели со оглед на проблемите со кои се соочува тимот на Marc VDS Honda. Постојат големи шанси и Белгиската екипа следната сезона да се повлече од натпреварувањето со што на патеката ќе останат 22 мотоцикли.

732519

Новиот тим најверојатно ќе настапува со Yahama M1 која првично ќе има фабрички спецификации. Тимскиот шеф на Yamaha, Лин Џарвис на почетокот на годината изјави дека спецификациите на машината која ќе им биде обезбедена на сателитските тимови ќе зависат од цената која ќе биде платена.

„Имаме двајца фабрички возачи и тие ќе го добијат целото внимание кое е посветено на развојот. Овие мотоцикли можеме да им ги обезбедиме и на другите тимови но тоа ја зголемува цената. Новите делови најпрво одат кај фабричките возачи и доколку се е во ред и имаме доволно време за да произведеме дополнителни делови, тогаш тие ќе заминат кај другите возачи. Тоа влијае и на финансиите бидејќи секој дел и поддршка за мотоциклот има различна цена.“

Со оглед на тоа дека Педроса ќе биде дел од прес конференцијата која е закажана во пресрет на трката која овој викенд се вози во Холандија, официјална потврда за новиот договор можеме да очекуваме во следните 24 часа.

Back To Top