motori casey_phillip_qualiМотоГП шампионатот следната година ќе го смени форматот на квалификациите. Наместо досегашната сесија која се возеше по трите слободни тренинга и беше независна, од следната година и тренинзите ќе имаат улога во квалификациите.

casey phillip_quali

МотоГП шампионатот следната година ќе го смени форматот на квалификациите. Наместо досегашната сесија која се возеше по трите слободни тренинга и беше независна, од следната година и тренинзите ќе имаат улога во квалификациите.

Според новиот формат, на досегашните слободни тренинзи се додава уште еден, четврт, кој за разлика од првите три нема да се зема во обзир при формирањето на распоредот во квалификациите. 10 возачи со најдобро време од тренинзите одат во втората квалификациска сесија во која ќе им се придружат уште двајца кои ќе возат во Квалификациска Сесија 1. На тој начин во квалификациите ќе возат 12 тркачи кои ќе го одредад распоредот за првите 4 стартни реда, а останатите ќе бидат распоредени според резултатите од КС1.

Нова процедура за квалификации

1. Трите слободни тренинзи остануваат непроменети, но резултатите од тренинзите ги даваат првите 10 учесници во квалификациите.

2. Десетте најбрзи од слободните тренинзи се пласираат директно во Квалификациска сесија 2 (КС2).

3. Сите останати учествуваат во Квалификациска сесија 1 (КС1).

4. Најбрзите двајца од КС1 ќе им се приклучат на 10-те од КС2, со што вкупно 12 возачи ќе ги се борат за позиции пред почетокот на трката.

5. Возачите кои нема да изборат место во квалификациите ќе бидат рангирани од 13-та позиција нагоре, според времето кое го забележале во КС1.

Нов распоред
Прв ден:
Слободен тренинг 1 45 минути (непроменето), се мерат резултатите за квалификации
Слободен тренинг 2 45 минути (непроменето), се мерат резултатите за квалификации
Втор ден:
Слободен тренинг 3 45 минути (непроменето), се мерат резултатите за квалификации 
Слободен тренинг 4 30 минути (НОВО), не се мерат резултатите за квалификации 
Пауза 10 минути
Квалификациска сесија 1 15 минути (НОВО)
Пауза 10 минути
Квалификациска сесија 2 15 минути (НОВО)

Back To Top