motori john-hopkins2Тимот на Сузуки се подготвува за враќање во MotoGP шампионатот. Ова го навести барањето до Дорна во 2013 да извршат неколку тестирања на нивниот мотор, па доколку биде се во ред од 2014, Сузуки ќе се врати во најдоброто светско мото натпреварување.

john-hopkins2

Јапонскиот тим се повлече од шампионатот во 2011 година заради финансиски причини, но според последните случувања во падокот, се поизвесно е враќањето на Сузуки во МотоГП.

Тимот на Сузуки се подготвува за враќање во MotoGP шампионатот. Ова го навести барањето до Дорна во 2013 да извршат неколку тестирања на нивниот мотор, па доколку биде се во ред од 2014, Сузуки ќе се врати во најдоброто светско мото натпреварување.

Јапонскиот тим се повлече од шампионатот во 2011 година заради финансиски причини, но Кармело Ецпелета, шефот на Дорна, изјави дека е во преговори со тимот за неговор враќање во 2014-та година. Во интервјуто за „BBC Sport“ тој вели: „-Побараа да им дозволиме да тестираат во текот на 2013, па доколку се мине во најдобар ред, можно е да ги видиме назад во 2014.“

Сузуки се натпреваруваше во МотоГП шампионатот цели 37 години пред да се повлече. Откако претходно и Кавасаки отпадна од игра заради финансиски причини, во шампионатот останаа само Хонда, Јамаха и Дукати како фабрички тимови.

Светски шампиони на Сузуки
Barry Sheene (1976, 1977)
Marco Lucchinelli (1981)
Franco Uncini (1982)
Kevin Schwantz (1993)
Kenny Roberts Jr (2000)

За Ецпелета ова и не претставува проблем: „-Сеуште ништо не е договорено со Сузуки, но искрено тоа не ни е главен приоритет. Во моментов имаме три фабрички тимови, доколку Сузуки се приклучи ќе станат 4, слично како во Формула 1, сепак, не е важен бројот на фабрички тимови, важна е конкурентноста. За публиката е добро да има повеќе мотори кои ќе бидат конкурентни и ќе внесат возбудувања во трките, доколку повеќе тимови ни го овозможат ова, во ред, но сепак клучно е да се има конкурентност.“

Back To Top