MotoGP

Петручи: Нов издув, менувач, шасија и задна вилушка!

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Следете нè на:

 

Данило Петручи од прва рака виде што може да очекува од мотоциклот на Ducati со кој ќе настапува следната сезона. Во понеделникот, за време на тестот кој се оддржа на патеката во Каталуња, Петручи имаше можност да тестира неколку нови делови. Со оглед на тоа дека актуелните возачи на тимот, Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо го пропуштија тестот, Петручи беше единствениот ГП 18 возач на патеката. Тој ги испроба новиот издув, менувач, шасија и задна вилушка.

danilo petruci mugello 2017

Некои од деловите тимот веќе ги има тестирано. Се чини дека Лоренцо и Довициозо веќе го имаат истиот издув, но другите делови, како што е задната вилушка, беа тестирани за прв пат.

За жал, тестот на Петручи заврши два часа порано откако во свиокот број 9 излета надвор од патеката. Тоа се случи во моментот кога го возеше 41-от круг и кога ја испробуваше новата задна вилушка.

„Мислам дека јас сум првиот возач кој ја испроба задната вилушка и првиот возач кој падна со неа,“ изјави Петручи.

„Излетав надвор од патеката во свиокот број 9. Се обидов да се вратам назад на патеката но тогаш почувствував болка во прстот. Потоа ми се појави и болка во ногата но за среќа немам фрактура. Тоа е навистина важно и покрај тоа што отокот на ногата постојано се зголемува. Снимките ќе го кажат конечниот резултат но се надевам дека се ќе биде по ред.“

„Ова е навистина штета бидејќи ја пробував новата задна вилушка. Сѐ уште треба да ги споредиме податоците со вилушката со која моментално настапуваат, но тестот кој го имавме утрово беше навистина позитивен. Испробав еден сет со нов издув, нов менувач и нова шасија.“

Некои од работите беа стари, работи кои тимот на Ducati веќе ги има користено, но сепак открив некои интересни работи. А бидејќи дури тројца возачи ќе треба да ги добијат новите делови, Петручи не знае ниту дали тој или пак кога ќе почне да ги користи новите делови.

„Тоа не го избирам јас. Тимот работи напорно и во моментов не знам дали ќе ги добијам. Искрено би сакал бидејќи менувачот и издувот се навистина добри. Веќе подолг период тоа го баравме јас и Лоренцо.“

Петручи помина неколку круга со новата вилушка пред да се случи несреќата.

„Жал ми е бидејќи ова беше мој прв тест и имав можност да тестирам нови работи. А меѓу нив беше и најважната од нив, задната вилушка. Веднаш можеме да забележиме дека има разлика. Но, за жал паднав и ми пропаднаа два часа тестирање. За среќа сум добро но исто така задоволен сум и бидејќи бев многу брз.“

И покрај предвремениот крај, времето кое го постигна Петручи по извозен круг беше доволно да се најде само на петтото место, со разлика од 0.572 секунди од возачот на Honda, Марк Маркез. Иако во последните две трки, Лоренцо постојано се наоѓа на врвот, во моментов Петручи е најдобриот возач на Ducati со оглед на тоа дека се наоѓа на петото место во шампионатот.

„Во шампионатот јас сум најдобар возач на Ducati, но на последните две трки Лоренцо беше навистина брз. Проблемот вчера настана бидејќи премногу се загреа предната гума. Асен е поинаква патека, таму има различна температура па затоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите.“

„Можеби ќе го имаме овој проблем на некоја друга патека, но прв пат ни се случува ваков проблем со предната гума.“

Би можело да ве интересира

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

За време на прес конференцијата која се оддржа на EICMA, Yamaha претстави две изданија на тркачки фокусирани мотоцикли. Тие се креирани со цел да се најдат на врвот во Супербајк и Суперспорт 300 категориите.

Седиме покрај патеката и гледаме како BMW GS го прави она што најдобро го знае. Но, има една огромна разлика: Мотоциклот се движи сам.

BMW вели дека имале три цели кога го дизајнирале новиот S1000RR: да биде една секунда побрз кога е на тркачка патека, да биде 10 килограми полесен и полесно да се контролира. Од првиот поглед на спецификациите, ни стана јасно дека успеале во тоа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.