MotoGP

Промена на Гран При правилата за 2018 година: Трофеи за независните тимови и возачи

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Следете нè на:

 

Она што прво го привлекува вниманието е додавањето на два нови трофеи за независните тимови и возачи. Доколку оваа промена беше направена пред почетокот на минатата сезона, тогаш наградите ќе ги освоеа Monster Tech 3 и Јохан Зарко. Меѓу другите промени кои ќе стапат на сила следната сезона се и дозволата Мика Калио да настапи на пет трки за тимот на КТМ како и виртуелните знаци на мотоциклите.

calendar 2018.gallery full top lg

ФИМ Гран При Светски Шампионат

Одлуките на Гран При Комисијата

Гран При комисијата, составена од Кармело Ецпелета (Извршен директор на Dorna), Пол Дупарк (FIM), Ерв Поншарал (IRTA) и Таканао Цубоучи (MSMA) во присуство на Вито Иполито (Претседател на FIM), Карлос Ецпелета (Dorna), Мајк Тримби (IRTA секретар на состанокот), Корадо Кечинели (Директор за технологија) Мајк Веб (Директор на трка), Дени Алдриџ (Технички директор), Фабио Мунер и Стив Аесхилман (FIM) на состанокот кој се оддржа во Миес, Швајцарија на 29-ти ноември 2017 година, ги донесоа следниве одлуки:

Технички регулации за сезоната 2018

Пневматици

Потврдени беа новите предлози за тестирање и одобрување на тркачките пневматици. Повеќе детали можете да дознаете во техничките регулации.

Виртуални знаци

Во сезоната 2018, тимовите се уште ќе ја имаат можноста да испраќаат пораки на инструмент таблата на возачот користејќи го притоа истиот систем што го користи и директорот на трката за да испрати пораки. Ваквите регулации се воведени со цел тимовите да го користат истиот систем кој е во согласност со протоколот на Dorna.

Спортски регулации за сезона 2018

Нов Шампионат и регулации

Во моментов постои „FIM World Championship“ за MotoGP тимовите. Сега за Moto2 и Moto3 тимовите се воведени две нови „FIM World Championship“ регулации. Резултатите ќе се базираат на комбинирани поени од сите возачи во тимот, вклучително и замените. Исто така ќе бидат воведени и награди со цел да им се оддаде признание на највисоко рангираните независни тимови како и за возачите кои се дел од тие тимови. Возачите и тимовите ќе се натпреваруваат за два трофеја:

„MotoGP Class Independent Team Trophy“

„MotoGP Class Independent Team Rider Trophy “

MotoGP Вајлдкарта

Одобрено е барањето на КТМ за настап на Мика Калио на пет трки следната сезона. Трките се: Шпанија (Херез), Каталуња, Германија, Австрија и Арагон. Тимовите кои користат машини од производители со концесија ќе имаат можност за шест вајлд карти наместо три. Одлучено е и дека доколку некој производител ја загуби концесијата, промените ќе почнат да важат дури од следната сезона.

Најдоброто Гран При за 2017 година

Гран При трката на Малезија која се оддржа на патеката во Сепанг е добитник на наградата за најдобра Гран При трка за 2017 година.

Осигурување за сопствениците на прописници

Веќе неколку години наназад, сопствениците на пропусници беа осигурани во случај да им се случи некаква несреќа додека патуваат од и до патеката како и за време на самиот настан. Почнувајќи од 2018 година, полисата ќе биде зголемена на 100 000 евра за медицински трошоци на сопствениците на прописници меѓу кои се IRTA, Dorna, FIM и медиумите. Ова ги покрива и претсезонските тестови кои се оддржуваат во и надвор од Европа. Целосната верзија на FIM Гран При правилникот кој ги содржи сите детали можете да го погледнете на:

http://www.fim-live.com/en/sport/regulations-and-documents/grand-prix/

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

2018 Vespa World Days заврши завчера во Белфаст. Следниот ваков настан ќе се оддржи во 2019 година во Унгарија

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!