Минатата година бев навистина добар, а и двата мотоцикли на Yamaha завршија на подиумот. Изгледа дека оваа патека ни одговара“ – Валентино Роси

Валентино Роси е убеден дека неговиот тим ќе има добар настап овој викенд и дека ќе се борат за место на подимот на трката која се вози на Филип Ајленд. Италијанецот и неговиот тимски колега, Маверик Вињалес, оваа сезона имаат проблеми со фабричкиот YZR-M1. Последната победа тимот на Yamaha ја постигна на трката во Асен во 2017 година. Тоа воедно беше и последната победа на Валентино Роси во премиерната класа.

Сепак, патеката во Австралија вообичено и одговара на Yamaha, а Роси се надева дека тоа ќе продолжи и во иднина.

„Мислам дека патеката на Филип Ајленд е една од најдобрите за сите возачи. Секако дека се важни временските услови и затоа се надевам дека тие ќе бидат добри, особено во недела, “ вели Роси.

„Минатата година бев особено добар, а и двата мотоцикли на Yamaha завршија на подиумот. Но секоја сезона е различна. Тука на оваа патека особено е важно да имаме добар баланс. Тоа ќе помогне за да имаме подобар настап со мотоциклот. Ќе видиме дали ќе можеме да бидеме компетитивни и да се бориме за место на подиумот.“

На пресконференцијата пред трката, од девет- кратниот шампион беше побарано да објасни зошто оваа патека е толку омилена кај возачите.

Роси, кој се наоѓа на третото место на табелата и заостанува само девет поени од второпласираниот Андреа Довициозо изјави: „За мене, Филип Ајленд е навистина уникатна патека.  Можеби на друга патека сте побрз, но тука сте брзи во свиоците бидејќи тие се подолги. Исто така постојано морате да го менувате правецот на движење што е навистина исцрпувачки.“

„Трката воглавно е по левата страна но исто така е брза и по десната страна. Морате да внимавате и на пневматиците, особено на нивната температура. Исто така, тука и не ги употребувате сопирачките премногу.“

Предвидувањата на „Докторот“ се движат во вистинската насока, откако неговиот клубски колега забележа најдобро време на денешниот прв тренинг, и трето време на вториот тренинг, сепак Роси беше само 10-ти на двете досегашни сесии.

Back To Top