Валентино Роси смета дека местото на подиумот кое го освои на првата трка од шампионатот покажува дека се уште може да се бори иако има 39 години.

Валентино Роси вели дека местото на подимот кое го освои на трката во Катар ја оправдува неговата одлука да потпише нов двогодишен договор со Movistar Yamaha бидејќи се уште може да се бори за победа.

IMGP8223 copy

Деветкратниот Светски шампион неколкупати досега повторуваше дека ќе продолжи да се натпреварува се додека чувствува дека може да стигне до победата. После охрабрувачките тестови кои ги имаше во текот на зимата, 39 годишиот возач потпиша двeгодишен договор со кој ќе остане дел од тимот до 2020 година.

Откако го освои третото место на трката во Лосаил, Роси смета дека се уште може да се бори за врвот, а неговата возраст не влијае на неговите перформанси.

„Во нашиот спорт, а исто какои  во сите останати спортови, важна е само една работа е тоа е резултатот“,  вели Роси. „Единствено што е важно е она што се случува на патеката. Не се тркам за да им покажам на луѓето дека не сум стар туку се тркам за да си докажам себеси дека се уште можам да бидам на врвот.“

Роси, кој стартуваше од третиот ред на трката во Катар, за кратко време се најде позади првите двајца возачи на трката, Зарко и Маркез, а краток период беше и на второто место. Сепак, не успеа да го спречи фаворитот Довициозо да го претекне.

Роси вели дека претекнувањето на Зарко за третото место беше одлучувачко за да стигне до местото на подиумот и дека тоа му помогна да направи разлика во однос на останатите возачи.

„Оваа година десетина возачи имаа иста брзина и навистина е важно третото место. Исто така среќен сум и поради фактот дека во последниот период од трката најбрзите возачи на патеката беа Маркез и Довициозо и успеавме да останеме до крај со нив. Се обидов да се справам со Довициозо но тогаш ми се приближија останатите возачи.“

„Имаше некои делови на патеката каде што бев навистина брз и местото на подиумот е одличен старт на сезоната.“

Back To Top