Валентино Роси смета дека новиот шампионат има потенцијал да прерасне во уште една интересна сезона

Валентино Роси верува дека најмалку осум возачи се способни да постигнат победа во 2017 година. Според него, ни следи  уште една интересна сезона во премиерната класа. Возачот на Movistar Yamaha се надева тека зад себе ќе ги остави тешките прет сезонски тестови.

rosi pres

Минатата сезона имавме девет различни победници а Роси верува дека големи се шансите да имаме уште една таква сезона.

„Како и секогаш, нивото е неверојатно високо. Имаме седум или осум возачи кои можат да победат на трка и да се борат за титулата. Ова е одлично и ние мораме да се бориме и да останеме во таа група,“ изјави Роси за време на пресконференцијата во пресрет на трката во Катар.

„За мене, сите возачи кои се наоѓаат тука на масата со мене (Маркез, Лоренцо, Вињалес, Кратчлоу, Ианоне) плус  Андреа Довициозо, можат да победат во нормални услови. Го заборавив и Дани Педроса. Да ,тој имаше одличен настап за време на тестовите.“

„Мојата цел како и секогаш е да постигнам победа и да се борам за место на подиумот секој викенд. Ова е целта и за оваа година. Секако дека ќе биде тешко но и во изминативе сезони воопшто не беше лесно.“

Роси беше импресиониран од доминантниот настап на неговиот тимски колега за време на зимските тестови.

„За мене претсезонските тестови воопшто не беа лесни и никогаш не бев доволно брз. Се мачевме да го најдеме вистинското чувство. Мораме да продолжиме со работа и да се подобриме. “

„Ситуацијата на Маверик беше сосема спротивна. Имаше одлични претсезонски тестови и на секој настап беше најбрз. Мислам дека ќе биде неверојатно силен.“

На прашањето зошто е тоа така, Роси одговори:  „Обично на сопирачката притиска покасно и а порано ја отвора гаста! Нема ништо посебно. Едноставно може побрзо да влезе во свиоците а мене тоа ми претставува проблем.“

Разговарани се и опциите доколку трката се вози на дожд. Роси сепак се надева дека ситуацијата нема да биде таква.

„Се надевам дека нема да врне. Минатата недела за време на тестовите во Moto 2 и Moto 3 временските услови не беа идеални и имаше силен ветер кој донесе многу песок на патеката.Се надевам дека ќе имаме добри услови викендов.“

Back To Top