Во пресрет на првата трка од новата сезона во Мото ГП, од Катар пристигна информација дека Валентино Роси ја продолжил соработката со Јамаха. Популарниот „Доктор“ стави потпис на нов две годишен договор.

„Кога ставив потпис на претходниот договор со Јамаха во 2016, се прашував дали тоа ќе биде мојот последен договор како возач во Мото ГП. Тогаш решив да почекам и во следните две години да одлучам“ - вели Валентино Роси. 

lg5 0394.gallery full top lg

„Во изминатиов период дојдов до заклучок дека сакам да продолжам бидејќи тркањето, да се биде возач во Мото ГП и особено да се управувува мојата М1, се работи поради кои се чувствувам добро“.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето во Јамаха, особено Лин Џарвис (шефот на тимот) и Масимо Мерегали (менаџерот на тимот) за довербата бидејќи предизвикот е тежок: да се биде конкурентен и на 40 години!“

„Знам дека ќе биде тешко и ќе биде потребен многу голем напор од моја страна, но мотивиран сум и затоа потпишав за уште две години“.

Партнерството на Валентино Роси со Јамаха до сега донесе 56 Мото ГП победи како и титули ви кралската класа во 2004, 2005, 2008 и 2009.

Back To Top