MotoGP

Вињалес: Штета што го нема Валентино

„Знам дека ова за него е посебна трка. Таа е негова домашна патека и нема да биде исто без него.“ - Маверик Вињалес

Следете нè на:

 

Маверик Вињалес вели дека е голема штета што неговиот тимски колега Валентино Роси нема да настапи на трката која ќе се оддржи овој викенд во Мисано. Роси, кој живее на само 20 минути од патеката ја скрши ногата за време на тренингот минатиот четврток и тоа претставува голем удар за него во борбата за шампионската титула.

IMGP7562Маверик Вињалес

„За жал пристигнавме на оваа патека без мојот тимски колега Валентино и тоа е голема штета. Знам дека ова е посебна трка за него и нема да биде исто. Му посакувам побрзо да оздрави и се надевам дека за кратко време повторно ќе го видам на патеката.“

Вињалес во моментов е на третото место во генералниот пласман со заостанување од само 13 поени зад лидерот Довициозо и 4 поени зад Марк Маркез. Шпанецот вели дека во моментов има одлично чувство на мотоциклот и дека се чувствува самоуверено по успешниот тест кој го имашена истата оваа патека пред неколку недели.

„Имаме голема мотивација после подиумот во Силверстоун и повторно се движиме во вистинскиот правец. Ми се враќа истото чувство на мотоциклот кое го имав на почетокот на сезоната и тоа ми дава самодоверба.“

„Добро е што имавме позитивни резултати на последниот тест во Мисано. Ќе дадам се од себе за да имаме добар настап.“

comments

Би можело да ве интересира

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!