Новото правило со себе носи и голем број на услови кои мора да бидат исполнети. На пример, воздушното перниче задолжително мора да ги штити рамото и клучната коска, а заштитата на грбот не е задолжителна. 

Започнувајќи од оваа сезона, сите Гран При возачи (Moto3, Moto2 и MotoGP) ќе мораат да носат костуми кои се опремени со воздушни перничиња. Ваквиот потег се најавуваше веќе подолг период, а целта е да се зголеми безбедноста на возачите. Правилото ќе се однесува на сите возачи кои се дел од натпреварувањето како и замените кои ќе настапат на повеќе од две трки. Правилото нема да се однесува на возачите кои ќе настапат со вајлд-карта.

Dainese D Air Race airbag suit

Новото правило со себе носи и голем број на услови кои мора да бидат исполнети. На пример, воздушното перниче задолжително мора да ги штити рамото и клучната коска, а заштитата на грбот не е задолжителна. Но ако производителот се одлучи да има заштита и за грбот, тогаш тоа мора да се протега по должината на целиот рбет.

Секој систем ќе мора да исполнува и одреден број на услови во однос на видот на батеријата, електрониката, периодот кога се вклучува како и колку време му е потребнио за да го  испушти воздухот.

Можеби ќе има и исклучок на ова правило. Постојат гласини дека Хорхе Лоренцо ќе вози без воздушно перниче. Ваквиот негов избор е навистина интересен со оглед на тоа дека возачите кои се спонзорирани од страна на  „Alpinestars“ или „Dainese“ возеа со воздушни перничиња кои покажаа одлични резултати при падовите. 

Со оглед на тоа дека воздушните перничиња се покажаа како исклучително корисни како при трките така и при возењето на улица, ова е важен чекор околу целокупната безбедност на Гран При трките.

Иако во моментов има само двајца главни играчи на пазарот, постојат гласини дека неколку други компании веќе работат на сопствен дизајн на костум. Се чини дека од целата оваа работа, голема корист ќе имаат и обичните возачи.

Back To Top