Возачите кои имаат постари мотоцикли знаат дека е многу тешко да се дојде до добри пневматици наменети за возење на тркачка патека бидејќи димензиите на бандашите на класините мотоцикли се различни со димензиите на добрите, модерни, тркачки пневматици.

Возачите кои имаат постари мотоцикли знаат дека е многу тешко да се дојде до добри пневматици наменети за возење на тркачка патека бидејќи димензиите на бандашите на класините мотоцикли се различни со димензиите на добрите, модерни, тркачки пневматици. Поради оваа причина голем број на возачи користат улични пневматици кога возат на патека. Но сето тоа би можело да се смени бидејќи Metzeler одлучи да ја прошири својата „Racetec RR“ гама и ќе вклучи 18 инчни пневматици.

metzeler racetec rr tire rear

Новите пневматици на Metzeler ќе бидат направени од нај мекото соединение на компанијата (К1) и ќе бидат достапни во неколку димензии: 110/80-ZR18 (58W) предни и 150/65-ZR18(69W) и 160/60-ZR18 (70W) за задни пневматици.

Ова е особено важно за дел од возачите бидејќи класичните машини кои имаат голем број на коњски сили и ригидна шасија стануваат легални за тркање во се поголем број на тркачки серии од овој тип ширум светот.

Back To Top