Останато

Дакар 2018: Драматичен ден кој ја отвори борбата за титулата

Уште еден драматичен ден на релито Дакар. Поранешниот лидер во генералниот пласман, Адриен Ван Беверен мораше да биде евакуран од етапата после тешкиот судар кој го имаше на само 3 километри до целната линија.

Следете нè на:

 

26 годишниот возач, кој беше на првото место на оваа стаза, се обиде да се врати на релито но поради преголемите болки мораше да се откаже. Според првичните проценти, тој има кршеница на клучната коска како и повреди на рбетот.

Се до тој момент се чинеше дека Ван Беверен ќе стигне до победата и за разлика од неговите ривали тој не направи ниту една навигациска грешка.

DTsE8ELXkAIIoBRАдриен Ван Беверен

А прв кој погреши беше Аргентинецот Кевин Бенавидес кој се наоѓаше на второто место. Веднаш по него погрешија и возачите на КТМ, Тоби Прајс и Антоан Мео како и возачот на Honda, Жоан Бареда. Овие возачи во еден момент се најдоа на дури 10 километри од зацртаната рута на релито и до моментот кога се вратија на вистинскиот пат, веќе имаа загубено 50 минути.

Еден возач кој немаше грешки во навигацијата беше Матиас Валкнер. Како резултат на тоа, тој успеа да стигне до победа и на крајот имеше предност од 11 минути и 35 секунди пред возачот на Husqvarna Пабло Квинтанила. На третото место се најде Жерард Фарес.

Во генералниот пласман, оваа победа на Валкнер му овозможи да ја зголеми разликата на 39 минути и 42 секунди.

matthias walkner ktm rallye dakarМатиас Валкнер

„Ова беше тешка и долга етапа. После првиот дел, кога видов дека Кевин има предност од шест минути, си реков во ред, не можеме на секоја етапа да бидеме брзи. Затоа решив да го оддржувам темпото и тоа се покажа како исправна одлука. Навистина е тешко да се следи навигацијата поради сите овие реки кои ги има тука, но на крајот сепак мислам дека  имав успешен ден. Вчера кога разговаравме за местото на табелата на кое се наоѓам, речиси и да немав никакви шанси. Но ова е Дакар и секој ден носи нова промена. Секако дека мислам дека можам да победам, но има шест или седум возачи кои можат да победат, а до крајот на релито има уште многу“,  изјави Валкнер.

Сепак има два големи проблеми. Првиот е дека Валкнер, како и поголемиот дел од возачите не го регистрираше своето време на локацијата предвидена за тоа. Со оглед на тоа дека голем број на возачи не го направија тоа, можно е да станува збор дека не го забележале отколку да е навигациска грешка. Но ова се уште не е потврдено.

Вториот проблем е дека Бенавидес заедно со останатите негови колеги од Honda разговараа со организаторите во однос на тоа дека има грешка во книгата со навигации. Бенавидес не беше единствениот кој се пожали поради овој проблем. И возачот на КТМ, Тоби Прајс изјави дека книгата не била најдобра.

„Ова беше еден од оние денови кои сакате да ги заборавите. Сакам да видам сега што ќе ми донесе крајот на неделата. Книгата не ни обезбедува баш најдобри инструкции, но тоа е. Во моментов, за нас ситуацијата не изгледа премногу добра но никогаш не се знае.“

Резултати - Етапа 10

  1. Matthias Walkner        AUT                 KTM                 4h 52m 26s
  2. Pablo Quintanilla         CHI                  Husqvarna       +11m35s
  3. Gerard Farres               ESP                  KTM                 +16m 21s
  4. Oriol Mena                   ESP                  Hero                +20m 45s
  5. Ignacio Cornejo            CHI                  Honda              +23m 14s
  6. Andrew Short               USA                  Husqvarna       +24m 13s

Генерален пласман по десетата етапа

  1. Matthias Walkner       AUT                 KTM                 32h 21m 03s
  2. Joan Barreda               ESP                  Honda              +39m 42s
  3. Kevin Benavides          ARG                 Honda              +41m 23s
  4. Gerard Farres             ESP                  KTM                 +47m46s
  5. Toby Price                   AUS                  KTM                 +50m18s
  6. Antoine Meo               FRA                  KTM                 +1h 03m 35s

Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!