Останато

Дакар 2018: Ван Беверен победи на Етапа 4, Сандерленд се повлече заради повреда

Етапа 4 - Сан Хуан де Маркона до Сан Хуан де Маркона, 114км + 330км специјал

Следете нè на:

 

Четвртата етапа на релито Дакар 2018 донесе доминантна победа за возачот на Јамаха, Адриен Ван Беверен. Победата на Ван Беверен беше со толкава разлика што во генералниот пласман тој од седмата позиција се искачи на првата.

vanbeveran

26 годишниот Французин за прв пат настапи на Дакар во 2016 година кога финишираше на одличната шеста позиција, а минатата година заврши на четвртата позиција па стана еден од возачите кои сите го знаат во падокот.

На четвртата етапа тој стартуваше во вториот „бран“ (5 минути по првите 15 мотоцикли), а тој заедно со возачот на Хонда Жоан Бареда за кусо време започнаа да ги стигнуваат возачите кои беа пред нив. Кон крајот на првата контролна точка етапата стана тешка за навигација па 15-на возачи се загубија, што му овозможи на Ван Беверен да отиде напред. 

На крајот тој забележа предност од 5 минути пред својот клубски колега Ксавиер Де Султрит, а возачот на КТМ Матиас Вокнер заврши на третата позиција.

Вчерашниот победник и дотогашен лидер во генералниот пласман Сем Сандерленд го прекина настапот на релито Дакар заради повреда. Тој доживеа голем пад помеѓу третата и четвртата контролна точка на специјалот по што беше однесен во боксот, а заради повредите мораше да го прекине настапот на годинешното рели Дакар.

Резултати - Етапа 4

  1. Adrien Van Beveren     FRA                  Yamaha           4h08m23s
  2. Xavier De Soultrait       FRA                  Yamaha           +5m 01s
  3. Matthias Walkner        AUT                 KTM                 +7m 10s
  4. Pablo Quintanilla         CHL                  Husqvarna       +7m 32s
  5. Stefan Svitko                 SVK                  KTM                 +6m 03s

Генерален пласман по Етапа 4 

  1. Adrien Van Beveren    FRA                  Yamaha           11h03m23s
  2. Pablo Quintanilla        CHI                  Husqvarna       +1m55s
  3. Kevin Benavides          ARG                 Honda              +3m15s
  4. Matthias Walkner       AUT                 KTM                 +5m23s
  5. Xavier De Soultrait      FRA                  Yamaha           +7m 34

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!